51-годишната А.Ш. од Скопје била пронајдена почината во својот дом на подрачјето на Карпош. Случајот во полиција бил пријавен вчера утрината околу 6 часот.
„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, додаваат од полицијата“.
Починатата, како што информира МВР, имала здравствени проблеми.