
Вчера во 04:30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.С.(51) од Битола.
Од МВР информираат дека тој бил уапсен бидејќи во семејниот дом во Битола физички ја нападнал неговата 54-годишна сопруга, а притоа користел и метални и дрвени предмети.
Од страна на судија од Основен суд Битола на Т.С. одредена му е мерка притвор, посочија од МВР.