5 знаци кои покажуваат дека на вашето тело му недостасува цинк

За да функционира добро и правилно, на нашето тело му се потребни доволни количини од минералот цинк.

Тој е еден од најважните минерали за човековото тело, покрај железото, калциумот, магнезиумот и калиумот. Цинкот има неколку важни улоги во организмот, односно придонесува за когнитивните способности и памтењето, помага за лачење на важниот хормон на штитната жлезда Т3, придонесува за работата на имунолошкиот систем, брзото зараснување на рани и обновување на ткивото.

Недостатокот на цинк може да се манифестира на следниот начин:

  1. Акни, егземи, сува кожа, дерматитис

  2. Неспецифични улцерации или бел слој на површината на јазикот

  3. Губење апетит

  4. Летаргичност

  5. Губење на косата

  6. Бавно зараснување на рани

Иако цинкот кој се добива од месото најдобро се апсорбира во кожата, сепак на вегетаријанците им се препорачува конзумација на храна како грав, соја, јаткасти плодови и прехранбени производи од цели житарки.

Ова се намирниците кои највеќе содржат цинк:

  1. Месо (особено црвено)

  2. Школки

  3. Леќа, боранија  и грав

  4. Семки (тиква, коноп, лен)

  5. Јаткасти плодови (индиски ореви, бадеми и кикирики)

  6. Млечни производи (сирење и млеко)

  7. Јајца

  8. Цели житарки

  9. Темно чоколадо