5 знаци дека на вашето тело му се потребни протеини

Протеините се  микронутриенти кои сочинуваат значајна компонента на нашите клетки и аминокиселини кои го одржуваат нашето тело и здравје во рамнотежа. Така, недоволниот внес на протеини може да биде лош за нашето здравје.

Дефицитот на протеини е ретка појава, но тој се случува кај луѓе кои имаат проблеми со исхраната (анорексија), луѓе со потешки заболувања, но и оние кои претежно се хранат со веганска исхрана и сирова храна. Важно е само да се обрне внимание на тоа колку протеини се внесуваат.

Ова се 5 симптоми кои покажуваат дека не внесувате доволно протеини.

Имате чести скршеници

За здрави коски, важно е да внесувате калциум но и протеини. Некои истражувања покажуваат дека луѓето кои имаат проблем со остеопорозата всушност имаат недоволно протеини во организмот. Протеините го градат ткивото, а ако тоа е слабо, доаѓа до чести повреди.

Слаби нокти и коса

Протеините се многу важни за здрави нокти и коса, а дефицитот на протеини е поврзан со често кршење на ноктите, ретка коса и коса која постојано опаѓа. 

Губите тежина, но во мускулите

Иако гледате пониска бројка на вагата, исфрлањето на протеините од исхраната е негативен и опасен начин за слабеење. На овој начин, губите тежина во мускулите, што е еден од најнездравите пристапи во губењето килограми.

Немате доволно енергија

Луѓето кои не внесуваат доволно протеини се чувствуваат уморно, исцрпено и имаат константен пад на енергијата. Протеинот е во состав на хемоглобинот кој е присутен во црвените крвни зрнца  и има за цел да го распореди кислородот во телото. Ниското ниво кислород предизвикува слабост и омалаксаност.

Често настинувате

Протеините се важни за јакнење на имунолошкиот систем и имаат голема улога во одбрана на организмот од вирусите и бактериите. Ако немате доволно протеини во телото, ризикувате слаб имунитет и се соочувате со ризик за чести вируси и настинки.