5 токсични мисли од кои треба да се ослободите

Често, не е толку важно што ни се случува во животот, туку како нашиот ум гледа на тоа. Без оглед на тоа дали станува збор за лошо интервју на работа, проблеми во врската или пак конфликти со колегите, разочарувањето и грижата се нормални, а со тоа и негативните мисли кои доаѓаат со нив.

Сепак, како луѓе склони сме работите да ги гледаме поинаку, односно во поголеми пропорции одошто се, а тоа посебно се однесува на негативните работи во нашиот живот. Но, многу грешиме кога го правиме тоа.

Ова се 5 токсични мисли од кои треба да се ослободиме.

Мислењето дека е предоцна да почнеме од почеток

Заглавени сме на лоша работа или во лоша врска и мислиме дека веќе годините ни се поминати за да промениме нешто. Сепак, треба да сме свесни дека останувањето во ваквите ситуации носи стрес кој може да ни донесе сериозни проблеми на долг рок (намалена самодоверба, депресија, проблеми со здравјето). Не дозволувајте да се заплеткате во ваквите мисли дека е предоцна да почнете од почеток. Никогаш не е доцна, се додека сте свесни дека нешто не ве прави среќни и сакате да го промените тоа.

Мислењето дека можеме да ги промениме луѓето

Без оглед на тоа дали станува збор за пријател кој постојано доцни или партнер чиј карактер не ни се допаѓа, факт е дека луѓето не се менуваат, туку  нивните приоритети. Иако кај сите нас постои простор за подобрување или промена на одредени навики, сепак тоа најчесто доаѓа од самите нас, а не од потребата на некоја друга личност. Не си го трошете времето мислејќи дека можете да смените некого. Тоа е невозможно, ќе се изморите.

Мислењето дека врска ви е потребна за да бидете вистински среќни

Иако убаво е чувството да се биде во врска и да се биде сакан, сепак врската сама по себе не носи гарантирана среќа. Можеби не сме во врска и сме несреќни мислејќи дека самата врска ќе не направи посреќни и поисполнети, но во пракса тоа не се случува.

Мислењето дека светот е против вас

Да, животот знае да биде тежок, но кога мислите дека сте жртва си отежнувате многу повеќе одошто мислите. Не е фер да се падне на испит, не е фер да не се добие работата од соништата или пак да се добие покачувањето на платата кое мислите дека сте го добиле, сепак животот е таков. Не ги бројте само лошите нешта, туку обрнете внимание и на добрите кои ви се случуваат и бидете среќни поради нив.

Мислењето дека постои еден вистински начин

Не постојат правила и не постои еден вистински начин како да се живее животот. Впрочем, сите ние целиот живот експериментираме и правиме грешки постојано. Мислењето дека постои само еден вистински начин да се живее животот ќе ве спречи да преземате ризици и да го живеете животот на начин кој вие го сакате. Постојат милион опции и можности од кои треба да изберете и да видите каде ќе ве однесат.