5 секојдневни работи кои можат да ви го спасат бракот

Секој брак си има свои проблеми и предизвици. Но, наспроти тоа, паровите носат свесна одлука да останат заедно, особено кога имаат деца. Затоа е важно тој однос да биде најдобар што може. Денес ви нудиме неколку корисни совети кои можат да ви помогнат да го вратите својот брак на вистинскиот пат.

Пофалете ги вашите партнери за нешто позитивно и добро што го направиле

Кога се фокусираме на негативните работи, набргу тоа е единственото нешто што го гледаме, но кога ќе се насочиме и кон позитивни работи, ќе почнеме да ги гледаме и нив. Забележувајте ги добрите работи кои вашите партнери ги прават и пофалете ги, дајте им комплимент. Заблагодарете се. Стишајте ги вашите критики и појачајте ги комплиментите. И не се задржувајте само на тоа, туку пофалете ги и пред други луѓе.

Ако се расправате, расправајте се за љубов и со љубов

Речиси сите парови се караат. Конфликтите се составен дел и тие се еден вид на товар, макар и најлесен, во односот на двајца луѓе. Понекогаш погрешно мислиме дека среќен е оној брак во кој партнерите никогаш не се караат. Важно е да се изразат своите мислења, емоции и идеи, а тоа понекогаш води кон несогласувања и кавги. Силните бракови се борат за љубов и со љубов – љубов кон себе и кон другата личност. Тоа значи дека дури и кога сте лути, никако не смеете да ја занемарите својата посветеност кон вашите партнери, љубовта и почитта кон нив. Одново и одново се борите да ја зачувате виталноста на љубовта. Многу е важно да не се премине линија после која вашите дела и зборови ќе го повредат вашиот партнер. Самоконтролата е навика на сите парови кои се во среќни и долготрајни врски. Во овој процес морате меѓусебно да се поддржувате. 

Секој ден правете нешто добро за вашите партнери, без оглед на тоа за што станува збор

Направете нешто со што ќе им го поправите денот. Може да се работи само за една кратка порака која ќе ја оставите пред да излезете од дома. Можете да ги изненадите со тоа што ќе го зготвите нивното омилено јадење. Можете да организирате излегување во нивниот омилен ресторан или прошетка во паркот. 

Пронајдете време за значајни разговори

Без оглед на тоа што ќе се одвива подоцна, мора да одвојувате време за значајни разговори и за поврзување. Ова време издвоено само за вас е една од најважните одлуки кои некогаш ќе ги донесете. Без оглед на тоа дали се работи само за еден час, тоа време треба да биде најважниот дел од денот. 

Смирете се пред да кажете нешто за кое можете подоцна да се каете

Кога се чувствувате згрозено, зборовите неретко стануваат штит и меч со кој се браните или напаѓате, дури и кога не треба да го правите тоа. Кога страстите ќе се распаднат, во негативна смисла, неретко зборовите се користат како камшик. Затоа е важно паровите да знаат да направат пауза кога ќе почнат да губат контрола во кавги или расправии. 

Таа навика може да ве поштеди од болки, дури и да спречи кавги уште пред да почнат да се развиваат. Вашата блискост мора да ви биде најважна и на самиот врв на вашата листа приоритети. Никако немојте да дозволите немарноста и лошо одбраните зборови да ја погазат довербата која толку долго и грижливо ја градите. Важно е да со самоконтрола, воздржаност и борбата за љубовта да ја појачате сопствената блискост. 

Ако навистина почнете да ги правите овие работи со позитивен став, сигурно ќе дојде до позитивни промени во вас, вашите партнери и вашите бракови. Почнете веднаш!