Црешите се едно од најубавите овошја кои го најавуваат летото.
Photo by Quaritsch Photography on Unsplash
Можат да се подготват на различни начини, но најдобро е да ги консумираме свежи.
Ова се 5 причини зошто тие се одлични за нашето здравје
Богати со витамини и минерали
Црешите се богати со калиум, а сиромашни со натриум, што ги прави одлични за исфрлување на водата од организмот. Нивната енергетска вредност е неверојатно добра, со тоа што 100 грама цреши имаат 60 калории. Така, тие се погодни за меѓуоброк и ужинка.
Богати со антиоксиданси
Својата темноцрвена боја ја добиваат од антицијанининот, кој е одличен за спречување на воспалителните состојби во нашето тело. Тој штити од слободните радикали, а и го намалува ризикот од Паркинсова болест, атеросклероза и го успоруваат процесот на стареење. Спроед некои истражувања, само 20 цреши се покорисни од еден аспирин.
Одлични за дијабетичарите
Содржат многу малку калории и се одлични за намалување на лошиот холестерол во крвта. Така, тие го намалуваат и ризикот од мозочен и срцев удар, како и карцином на дебелото црево.
Photo by Quaritsch Photography on Unsplash
Ги намалуваат симптомите на алергии и астма
Црешите содржат флавоноиди кои ги намалуваат негативните симптоми кои се јавуваат кај лицата кои страдаат од астма и алергии. Освен тоа, флавоноидите се корисни и за намалување на болката во мускулите по трчањето или друга физичка активност, како и за брзо заздравување на спортските повреди.
Ја намалуваат физичката и умствената исцрпеност
Според некои истражувања тие помагаат кај раздразливоста, нервозата, немирниот сон и сличните тегоби кои се јавуваат како последица на нарушениот баланс во хормоните, како и стресот и нездравите животни навики.