5 намирници кои ги чистат токсините од нашето тело

Пролетта е најдоброто годишно време за чистење на нашето тело од наталожените токсини. 

Photo by Louis Hansel on Unsplash

Ова се пет намирници кои ќе ни помогнат во тоа.

Грејпфрут

Ова овошје е богато со хранливи материи, вклучувајќи ги и витамините А, Ц и Б1, како и пантотенска киселина, влакна, калиум и биотин. Ензимите кои ги содржи исто така помагаат во разложување на мастите, што го прави грејпфрутот одличен и во борбата против вишокот килограми.

Спанаќ

Спанаќот содржи многу малку калории, а во себе содржи вистинско богатство на хранливи материи. Тој содржи витамини А, Ц, Е и К, како и тиамин, фолна киселина, железо, калциум и магнезиум. Флавоноидите во спанаќот ја спречуваат оксидацијата на холестеролот во телото така што делуваат како антиоксиданти.

Кељ

Ова е моќна намирница која е богата со аминокиселини кои се одлични за мозокот, но и за намалување на лошиот холестерол. Тој помага во регулација на крвниот притисок, поради високото ниво на магнезиум и калиум.

Цвекло

Цвеклото содржи бетаин кој му помага на црниот дроб да ги исфрли токсините, но тоа е богато и со влакна кои се нарекуваат пектин, кои исто така помагаат во исфрлање на штетните материи од нашето тело. Тоа го прави една од најмоќните намирници за чистење на нашето тело. 

Авокадо

Авокадото е богато со антиоксиданти кои му помагаат на телото да се ослободи од штетните токсини. Дополнителен плус е тоа што оваа намирница е богата со хранливи материи -  содржи 20 различни витамини и минерали кои го намалуваат ризикот од гојазност, дијабетес и срцеви заболувања.