5 начини на кои Универзумот ви кажува како да го исполните својот сон

 

Сѐ се случува со причина. Со самото наше постоење, судено ни е да станеме нешто на овој свет.

Во рана возраст, почнуваме да сонуваме и да фантазираме што ќе станеме кога ќе пораснеме. Како поминува времето така и нашите соништа се менуваат. Свесноста за своето постоење, за себе, ги открива нашите способности и тоа нѐ предизвикува да ги промениме и нашите цели. 

Но, не сите и не секогаш сме истрајни во достигнување на целите и исполнување на соништата. Откажувања има многу, разочарувања дека она за кое сме верувале е наменето за нас и она во што сме верувале дека е наша судбина а не се.

Но, во вакви периоди од животот не треба да се очајува. Тогаш, Универзумот дели некоја од неговите лекции што треба да ја научиме, ни дава шанса малку да забавиме и да размислиме дали тоа што го сакаме е навистина за нас или е време да се насочиме кон нешто друго или да направиме пауза и да почекаме да видиме што Тој ќе ни понуди.

Овие 5 сигнали се најчести кога станува збор за промени:

Престанувате да верувате во себе

Ова никако не смеете да си го правите. Можете да направите работите да течат според вашите замисли, наспроти сите препреки, ако верувате во себе. Секогаш треба да сте уверени во својот потенцијал и во способноста да го извлечете од вас она што другите луѓе сметаат дека е невозможно. Кога не верувате во своите способности, тогаш барате од другите да ве охрабрат да делувате, а не секогаш и не сите луѓе околу вас би го направиле тоа. Ништо во животот не е загарантирано, па ни луѓето околу вас. Тие ќе веруваат во вас, само кога ќе продолжите да одите напред со мислата дека можете.

Мислите дека патот не ве води до загарантираниот успех

Резултатот е нуспроизвод на процесот. Во идеална ситуација, треба да уживате на патувањето, а да не размислувате многу на дестинацијата. Многумина од нас постојано мислат на крајниот резултат, а додека го прават тоа ги отфрлаат соништата на страна.

Целите и патот до остварување на сонот секогаш се ризични. Ништо не е сигурно. Не дозволувајте стравот да ве одврати од намерата. Преземањето ризик е голем чекор до остварување на сонот.

Ја губите дисциплината во животот

За да го претворите вашиот сон во реалност треба да сте дисциплинирани. Кога ќе потклекнете пред основната дисциплина во животот, тогаш на некој начин се откажувате од вашите животни соништа. Дисциплина, фокус и посветеност - тројката ловци на соништа.

Сѐ ви здосадува 

Во ова животно патување, потребно е да се трудите без страв од неуспех. Еве еден пример: ако престанете да се тркате, нема да победите на трката. Мора да разберете дека нема да запрете додека одите кон целта. Некои луѓе се откажуваат од соништата затоа што додека одат кон нив, попатно им здосадува. Оваа досада се јавува поради неуспех правилно да се насочат и да се задржат на патот кон она што го замислиле. Во спротивно се јавуваат стравот од неуспех и фрустрацијата и луѓето запираат, што е една многу тажна реалност.

Мислите дека другите не ве ценат

Луѓето кои се плашат дека нема да бидат разбрани, најчесто им дозволуваат на другите да доакажат дека се во право, отколку да бидат неразбрани.