5 моќни реченици кои жените сакаат да ги слушнат за време на сексот

И речениците можат да бидат моќен афродизијак во кревет. Секој има свои желби кога е во прашање водењето љубов, но овие 5 реченици без сомнеж ќе ги одобрат повеќето жени.

Кажи ми што сакаш …

Митот за тоа дека мажите треба да ги читаат нашите мисли кога е во прашање водењето љубов – одамна го заборавивме. Ако нешто сакаме, тоа треба и да го кажеме, а уште поубаво е кога мажот сам ќе покаже интерес за да ја задоволи својата партнерка.

Да, имам кондом

Самосвесните жени сами ќе се погрижат за контрацепција, но секогаш сакаат да знаат дека и нивниот партнер води сметка за тоа и дека е свесен за важноста за одговорното сексуално однесување.

Ти се допаѓа тоа што го правам?

Срамежливите жени можеби нема веднаш да му дадат до знаење на партнерот што најмногу им одоговара. Поради тоа, ова едноставно прашање е ефективен начин партнерот да знае дали жената се чувствува добро или не.

Ги обожувам твоите…

Сите понекогаш се чувствуваме малку несигурно за време на водењето љубов, па секогаш е убаво да се слушне што партнерот најмногу сака кај нас и од што не може да се насити. Таков искрен комплимент во интимни ситуации на жените им ја зголемува самодовербата.

Фантастична си!

Мажите обожуваат кога жените ќе ги пофалат нивните сексуални вештини, но зошто тие да не нè пофалат нас? Квалитетниот секс е двонасочен процес во кој исто така мора да владее еднаквост.