5 лекции кои повеќето луѓе ги учат предоцна во животот

На различни интернет платформи често може да се забележи прашањето: „Кои се лекциите кои повеќето луѓе најчесто ги учат предоцна?“. Ова се само некои од најчестите одговори. Се сложувате?

Перцепцијата Е реалност

Ова е вистина. Начинот на кој го гледате и сфаќате светот околу вас директно влијае на вашите верувања и начинот на кој го живеете животот. Перцепцијата создава субјективност и одредени однапред поставени уверувања, но создава и разбирање. Создава страв, исто како што создава и љубопитност. Дали сакате вашата реалност да е широка или тесна? Дали среќата од незнаењето ќе биде доволна или ви е потребно нешто повеќе? Повеќето луѓе сакаат повеќе. Дури и да е само на потсвесно ниво. Затоа е важно постојано да учиме за нас и за светот околу нас. И некогаш ќе грешиме, но и тоа е океј. Во грешките лежи развојот. 

Сѐ е минливо

Добрите времиња се минливи и лошите периоди се минливи. Што и да се случува – уживајте во моментот и бидете благодарни. И кога не се чувствувате најдобро, знајте дека ќе помине. Не е крај на светот, туку само лош период. Животот е полн со пресврти, подеми и падови, како и изненадувањња. Секогаш забораваме дека се работи за патувањето, а не дестинацијата. Сѐ поминува, па затоа треба да го живееме секој момент.

Важноста да се биде присутен 

Ние постојано се грижиме за тоа што ќе се случи утре или за она што било вчера. Иако е важно да размислуваме за иднината, сепак мора да внимаваме да не заборавиме на сегашноста. Моментите се претвораат во спомени. Уживајте во секој момент додека го имате. Најчесто потребен е цел животен век полн со грижи за човек да сфати дека грижењето и паничењето не се продуктивни. Живеењето во минатото исто така не е продуктивно. Убаво е човек да се навраќа понекогаш на минатото и да извлече лекции, но не и да живее во него. Една од највредните работи во животот е пронаоѓањето баланс помеѓу наоѓањето време за размислување за лекциите од минатото и приоритизирањето на иднината, додека го поминуваме поголемиот дел од денот во сегашноста. 

Правете го она што го сакате, сакајте го она што го правите

Работата зазема голем дел од нашите животи и нашето време. Затоа многу е важно да работиме нешто што го сакаме. Доколку сме мизерни на работа, тоа несомнено ќе влијае и на сите останати аспекти од вашиот живот.  Ниту една работа не е совршена, како сѐ останато во животот, но важно е да работите на себе и на вашите цели.  И најважно од сѐ: Да вложувате во себе. Ова важи и за останатите аспекти од животот неповрзани со работата. Кои навики сакате да ги стекнете, а од кои сакате да се ослободите? Важно е да бидете свесни за луѓето и активностите со кои сакате да се опкружувате. Информациите се како хранливи состојки за вашиот мозок, бидете многу влијателни со што се храните. Успехот не е еден момент на победа, туку серии на моменти и избори кои водат кон поголеми моменти. 

За среќа е потребно многу труд

Најсреќните луѓе се оние кои работеле напорно на себеси. За среќа е потребно многу работа и труд. Исто толку труд е потребно за тага и мизерија. Затоа изберете внимателно. Да се биде среќен значи дека во еден одреден момент од животот сте одлучиле да преземете контрола врз вашиот живот. Понекогаш е тешко, но мора да се соберете и да се туркате себеси напред. Вашиот живот се серии на развој и личен раст.  За среќа треба и да вежбате. Без оглед на тоа дали учите да се ослободите од егото или да стекнете подобри навики – треба да вежбате. Имате само еден живот, работете напорно за да го создадете најдобриот можен живот.