„5-ка ни за лек, чекав 40 минути“, „на последна 23-ка кај Цветен секојдневно луѓе чекаат и повеќе од еден час“ - твитерџии се жалат од линиите на ЈСП

Проблемот со автобусите во Скопје повторно актуелен. Вчера на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), скопјанец сподели дека во „шпиц“ термин чекал рекордни 40 минути.

Во објавата, профилот „mirchev“ пишува дека откако завршил со работа, на станица Хром-Влае, автобуската линија „5“ дошла после 40 минути.

„Абе човек не може, да се врати од работа, од што ги нема овие ЈСП ? Срамота! Дремам на Станица Хром Влае, рекордни 40 минути, а 5- ка, за накај Центар, ни за лек ! Која мизерија сме човече ! У Шпиц термини“, гласи твитот.

Реакција имаше и во друга објава, каде се вели дека таквата ситуација не била само еден ден, и не била само една локација, туку секојдневие во многу населби, посочувајќи дека и на последна 23-ка кај Цветен пазар луѓе секојдневно чекале и повеќе од еден час.