5 јапонски правила за среќа: Не ги одложувајте убавите моменти за подоцна

Јапонскиот израз icigo – icie  може да се преведе како уникатна и единствена прилика која доаѓа само еднаш во животот. Тој ни покажува дека секое познанство е единствено искуство кое никогаш нема да се повтори на ист начин.

Познавањето на ваквиот принцип им помага на луѓето да успорат, да застанат и да се заблагодарат за секој ден и убавите моменти во него. Секој момент кој го  минуваме со нашите блиски кои ги сакаме треба да се живее со внимание и е дел од овој концепт.

Ова се неколку правила кои се поврзани со icigo – icie.

Не ги одложувајте убавите моменти за подоцна – секоја можност доаѓа еднаш. Не ја одложувајте бидејќи можете засекогаш да ја изгубите. Живејте сега во овој момент.

Живејте како само такво нешто да може да ви се случи еднаш – затоа овој принцип ни вели да го минуваме времето со оние кои највеќе ги сакаме, укажувајќи на едноставноста на таквата љубов.

Живејте во овој момент, сега – патувањето во минатото или иднината често е мачно и бескорисно. Она што веќе се случило не може да се промени, а невозможно е однапред да знаете што ќе се случи.

Направете нешто што не сте го направиле претходно – дозволете си себеси постојано да навлегувате во непознатото и да направите нешто што не сте го направиле претходно. Тоа носи огромна радост.