5 бенефити од вежбањето кои не се поврзани со намалување на килограмите

Добрите страни од вежбањето не се поврзани само со слабеењето.

Намалувањето на телесната тежина може да е главната причина зошто луѓето решаваат да почнат да вежбаат, но редовната физичка активности носи многу различни бенефити за нашиот ум и тело.

Добар имунитет

Редовната физичка активност е клучна за здрав имунолошки систем. Така се намалува ризикот од инфекции и се забавуваат промените во имунитетот предизвикани од стареењето. Редовните прошетки се одличен избор за тоа. Се препорачуваат прошетки од 30-60 минути неколку пати во текот на неделата. 

Здрави коски

Редовното движење придонесува кон здрави коски. Тоа не мора да е поврзано само со интензивна физичка активност, туку доволно е качувањето по скали наместо користењето лифт, пешачењето, како и трчањето, тенисот и скокањето јаже. 

Подобрено расположение

За ова, нема потреба да ве убедуваме премногу бидејќи и самите сте запознаени со доброто чувство кое го имаме по завршување на вежбањето. Во нашето тело се лачи ендорфин, како и серотонин, кои претставуваат хормони на среќата и доброто расположение. Истовремено, се намалува нервозата и се намалува лачењето на кортизолот, односно хормонот на стресот.

Зголемена енергија

Се чувствувате уморно постојано? Не морате да се решите за интензивен тренинг, но добро би било да најдете време во денот кога можете да вежбате барем половина час. Во едно истражувањето во кое биле вклучени учесници кои вежбале вежби со слаб интензитет во времетраење од 20 минути било утврдено дека тоа значајно го подобрувало нивното расположение. 

Подобар сон

Добриот сон доаѓа од повеќе фактори, а една од нив е и редовната физичка активност. Не ви се потребни апчиња за спиење, ако попладнето го искористите за вежбање, наместо гледање серија или конзумирање храна која е нездрава. Според експертите доволни се 150 минути неделно.