Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје, било пријавено насилство од страна на 49-годишна жена од Скопје.
„Таа пријавила дека истиот ден околу 08.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.К.(39) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.