
49-годишен скопјанец заедно со неговата мајка биле физички нападнати од едно лице на подрачјето на Аеродром.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (02.11.2025) во 17:00 часот во СВР Скопје, М.Т.(49) од Скопје пријавил дека околу 14:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, тој и неговата мајка биле физички нападнати од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.