
48-годишен скопјанец пријавил дека неговиот 10-годишен син бил физички нападнат на спортско игралиште од страна на 47-годишен сограѓанин.
Како што се нааведува во полицискиот билтен, ноќеска во 00:30 часот во СВР Скопје, Д.М.(48) од Скопје пријавил дека претходно дента околу 15:20 часот на спортско игралиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот 10-годишен син бил физички нападнат од И.С.(47) од Скопје.
Со И.С. е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.