44-годишен гостиварец демнел малолетничка

 

44-годишен гостиварец демнел малолетничка. Кривично ќе се гони. 

- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.А.(44) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Во периодот од 13.03.2026 до 24.03.2026 пријавениот следел и вознемирувал 15-годишна малолетничка преку апликација на мобилен телефон, информираа од полицијата во дневниот билтен.