41-годишен скопјанец пронајден мртов во својот дом во Центар

41-годишен скопјанец бил пронајден мртов во својот дом во општина Центар.

- Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријавил дека околу 09:00 часот во семејниот дом го пронашол починат неговиот син В.А.(41). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, информираа од МВР. 

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.