Го знаете она чувство кога ќе се заљубите? Дланките се потат, во стомакот чувствуваме пеперутки, а зениците ни се прошируваат.
Ова се 4 работи кои ни се случуваат кога ќе се заљубиме.
Похрабри сме
Всушност таквото чувство ни помага да се чувствуваме храбро и да ризикуваме.
Деконцентрирани сме
Ако не можете да се фокусирате на една едноставна задача, обвинете ги пеперутките во стомакот. Заљубеноста придонесува за губење на концентрацијата и дефокусираност.
Поголема самодоверба
И повеќе оптимизам, бидејќи одеднаш како сите коцки да се склопени и сè е во ред.
Се чувствуваме попаметни
Барем накратко. Тоа се случува бидејќи заљубеноста придонесува кон лачење допамин, кој ги подобрува моторните способности, но и некои од когнитивните.