На нашето тело му е потребно време да се разбуди по тешката храна за време на празниците, а овие намирници со сигурност ќе помогнат во тоа.
Празниците веќе се зад нас, а треба да продолжиме да јадеме храна која е полесна, но и хранлива. На нашето тело му е потребно време да се разбуди наутро, а првиот појадок треба да содржи хранливи материи кои ќе го забрзаат нашиот метаболизам и ќе го ресетираат нашето тело.
Натопени бадеми
Натопените бадеми се корисни со здрави витамини и минерали. Потопете ги во текот на ноќта за да ја зголемите нивната хранлива вредност, а потоа конузимирајте ги наутро, како јатки или додадете ги во вашиот појадок. Потребни се 5-10 бадеми кои ја зголемуваат и ситоста во текот на денот.
Урми
Урмите се одличен извор на енергија која е потребна за да се започне денот. Тие исто така содржат хранливи влакна кои се потребни за подобрување на варењето, а помагаат и во лечење на опстипацијата или проблемите со варењето. Високото количество калиум кое го содржат го смирува и вознемирениот стомак и состојбата на стомачен вирус.
Чиа семки
Малите црни зрнца с еодличен извор на протеини и ги содржат сите девет есенцијални аминокиселини. Богати се со магнезиум, железо и витамин Б. Оставете ги во бадемово млеко или вода во текот на ноќта, а наутро конзумирајте ги со банана и путер од кикирики. Ова е одличен појадок.
Јогурт
Редовното конзумирање на јогурт е одличен начин да се забрза метаболизмот. Овој одличен пијалок содржи пробиотици кои се потребни за подобрување на цревната флора и придонесува за добра состојба на системот за варење.