37-годишна жена пронајдена почината во Аеродром

Почината жена пронајдена во својот дом во скопски Аеродром. На телото немала видливи траги на насилство. 

- На 06.07.2026 околу 22:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината С.П.(37) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција, информираа од МВР.