
Вчера во 15:05 часот во СВР Скопје, Р.Р.(35) од село Студеничани, скопско, пријавил дека кај влезот на неговата куќа пронашол заталкано зрно од огнено оружје.
Како што се наведува во полицискиот билтен, зрното го пробило металниот лим со кој биле покриени скалите и влезот од куќата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.