
Вчера полицијата од СВР Скопје го лиши од слобода 40-годишниот Ц.Н. од едно село во скопско, по претходна пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга.
Според информациите од полицијата, при нападот осомничениот користел тврд предмет, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Исто така, постоела и закана со огнено оружје.
По целосно документирање на случајот, надлежните ќе поднесат соодветна пријава.