
По повод 35 години од независноста на Македонија, големата заедничка прослава ќе се одржи претстојниот петок на Плоштад Македонија во Скопје, со почеток во 20:00 часот.
„35 години не се само историја. 35 години се сите моменти што нè донесоа до денес“, се наведува во најавата за настанот.
Прославата во Скопје доаѓа по серијата настани одржани во 10 градови, каде што граѓаните заедно ги одбележуваа годините на независност, преку музика, спомени и заеднички прослави.
Организаторите ги повикуваат граѓаните на големата завршна прослава во главниот град.
Настанот ќе се одржи на 4 септември од 20:00 часот, а влезот е слободен.
„Се гледаме дома“, порачуваат организаторите.