34-годишен битолчанец си ја убил помладата сопруга

Денеска 31-годишна жена е убиена од нејзиниот 34-годишен сопруг во Битола. Убиецот бил лишен од слобода.

Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Од СВР Битола потврдија дека се работи за семејно насилство, а повеќе податоци ќе објават во текот на денот.

Убиството се случило на улицата „5-та“ во битолската населба Баир.