33-годишен скопјанец ја натепал мајка си, па го оштетил возилото - полицијата го уапсила

Ноќеска во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ц.Ц.(33) од Скопје.

Од МВР информираат дека 33-годишниот скопјанец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека вчера околу 14:45 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 52-годишна мајка, по што во дворот од семејната куќа го оштетил патничкото возило.

Посочија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.