33-годишен пешак од Словачка прегазен во Скопје

33-годишен пешак странски државјанин бил прегазен во Скопје. 

На 14.05.2023 во 20,30 часот  во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„ВМРО“ во Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(34) од Скопје, удрило во С.П.(33) од Словачка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот С.П., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информираа од МВР. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.