
Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека во Ургентниот центар во Гостивар било примено лице со тешки телесни повреди.
Како што се наведува во полицискиот билтен, полициски службеници од ОВР Гостивар констатирале дека лицето е Д.Р.(33) од село Добридол, кој изјавил дека додека управувал велосипед во село Топлица, изгубил контрола и паднал од велосипедот.
Поради сериозноста на повредите, тој бил препратен во Клиничкиот центар во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.