32-годишна жена уапсена во Скопје

32-годишна жена од Демир Капија уапсена вчера во Скопје. 

На 06.12.2022 во 17.40 часот на ул.„Загребска" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.С.(32) од Демир Капија. Таа била барана по централна потерница по наредба на Основен суд Неготино за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 377 од Кривичниот законик, соопштија од МВР. 

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.