30 генијални мисли од мојата мајка

Кога бевме деца, изјавите на нашите мајки ни одеа на нерви. Но, сега кога сме повозрасни, сфаќаме дека тие изјави биле полни со мајчинска грижа и љубов. Каде и да живеете, сигурно ќе препознаете дел од овие мисли. Со носталгична насмевка, ве потсеќаме на 30 легендарни изјави на нашите мајки.

  • „Илјада пати ти кажав, не се клацкај на столчето!“

  • „Сендвич не е јадење!“

  • „Барај си го онаму каде што си го оставил/а.“

  • „Исправи се!“

  • „Убаво ти кажав...“

  • „Оди да си легнеш, утре нема да можеш да станеш.“

  • „Јас одев во школо пред 20 години и до денес денес ја знам напамет таблицата за множење, дури и да ме разбудиш во 3 сабајле.“

  • „Нормално дека ќе те боли глава од толку седење на компјутер.“

  • „Ај, ај, ќе имаш деца, ќе видиш како е...“

  • „Јас на твои години не ни знаев дека постои тоа, а не па да имам такво нешто.“

  • „Што ќе ти се толку пари?“

  • „Кога ќе пораснеш и кога ќе заработуваш, троши си ги на што сакаш.“

  • „А кој ќе се грижи за тоа куче, кој ќе го шета? Ти? Аха, сигурно...“

  • „Никогаш повеќе да не сум чула такво нешто од тебе!“

  • „Ако не се запишеш – ќе одиш да работиш!“

  • „Пак ја тргна капата, сѐ видов од прозорец.“

  • „Зарем мора од други да дознавам за...“

  • „Утре ќе ми речеш фала за ова...“

  • „Не учиш за нас, учиш за себе.“

  • „Ако не учиш, утре ќе чистиш улици.“

  • „И јас сакам многу работи, ама нема...“

  • „Уште не си ни се разбудил/а, а веќе висиш по тоа интернетот.“

  • „Така и во школо ли се однесуваш?“

  • „Мене не ме интересираат другите, ме интересира ти што правиш.“

  • „Ако излегуваш, фрли го и ѓубрето.“

  • „Како ние пораснавме без интернет?“

  • „Дали воопшто може нешто да се најде во твојата соба?“

  • „Не си буричкај во носот, ќе ти се заглават прстите.“

  • „Јајцето не ја учи кокошката!“

  • „И да вратиш кусур!“