3 знаци за кои доаѓаат убави денови за време на ретроградниот Меркур

Иако ретроградниот Меркур знае да биде прилично непријатен за хороскопските знаци, сепак доаѓаат убави моменти за три знаци.

Рак

Летниот ретрограден Меркур беше тежок за овој знак, но октомврискиот има понежно влијание. Ве очекуваат интересни ситуации на полето на љубовта. Иако ќе имате отежната комуникација, ќе бидете успешни во флертувањето и заведувањето, а за некои Ракови можно е да се вратат некои стари чувства. Ве очекуваат интересни познанства и искри на страст, но тоа не значи дека во тоа ќе пронајдете вистинска љубов. Не е време да се вратите на минатото, а работите ќе ви бидат појасни после овој период.

Стрелец

Меркур нема негативно да влијае на вашите секојдневни активности, но сепак бидете внимателни да не носите големи одлуки. Ќе бидете водени од емоциите и можно е на површина да излезат потиснати чувства. Многу работи ќе станат појасни. Сепак, не дозволувајте да бидете жртва на своите емоции и покажете им на другите како се чувствувате. Ова е период кога ќе научите важни лекции и време на спознавање за вас.

Риби

Многу планови ќе мора да бидат откажани, но Меркур ви носи нови детали за да ја увидите целата слика. Фокусирајте се на истражување и на филозофската, аналитичка страна на својата личност. Почнете да ги анализирате своите мисли и уверувања. Тоа ќе ви помогне да се ослободите од некои работи кои веќе не ви служат. Слушајте го својот внатрешен знак и останете верни и доследни на себеси.