3 здрави навики што вреди да ги пробате во исхраната

Понекогаш не ни треба нова диета, туку само неколку мали навики што можат да направат голема разлика за енергијата, варењето и целокупното здравје.

Photo by Roland Suciu on Unsplash

Наместо строги правила, подобро е да внесеме едноставни навики што можеме да ги практикуваме секој ден без притисок.

Започнете го денот со протеини, не само со јаглехидрати

Photo by Abbie Whiddett on Unsplash

Многу луѓе појадуваат само леб, пециво или нешто благо, по што брзо повторно стануваат гладни и уморни. Кога денот ќе го започнете со протеини – јајца, јогурт, кефир, урда, овес со јаткасти плодови – шеќерот во крвта е постабилен, имате повеќе енергија и помалку желба за благо во текот на денот.

Јадете нешто ферментирано секој ден

Photo by little plant on Unsplash

Цревата имаат огромно влијание врз имунитетот, расположението и енергијата. Ферментираната храна како јогурт, кефир, кисела зелка, туршија или комбуха помага за добри бактерии во цревата и подобро варење. Не мора да биде многу – доволно е мала порција секој ден.

Пешачење 10 минути после јадење

Photo by Andriyko Podilnyk on Unsplash

Ова е една од наједноставните, а најкорисните навики. Кратка прошетка после оброк помага за варење, го стабилизира шеќерот во крвта, го намалува чувството на тежина и помага за повеќе енергија. Не мора да биде брзо одење, доволно е лесно движење.

Најдобрите навики не се оние што ги правиме една недела, туку оние што можеме да ги правиме со години. Малите промени, кога се прават секој ден, со време прават огромна разлика во тоа како се чувствуваме.