Нема сомневање, постојат три типови мажи кои никогаш нема да имаат проблем да најдат партнерка. Станува збор за привлечноста која постои од памтивек и која не е врзана за врска и потенцијален брак, туку единствено за чисто сексуална привлечност.
Тип 1 – Тој е снажен и мажествен
Жените ги привлекуваат снажни алфа мажјаци со огромна количина тестостерон кои секогаш го привлекувале вниманието на двата пола. Жените ги сакаат, а другите мажи сакаат да бидат како нив.
Тип 2 – Тој има сила
Елеганција и пристојност, вкусно избрана облека, убав парфем и галантен пристап кон жените се работи кои секогаш се привлечни за жените. Овој тип на мажи знаат што сакаат жените, а одговорот е: Сакаат да бидат мазени и пазени!
Тип 3 – Тој го има „она нешто“
Сите кои сериозно ги проучуваат машко-женските односи ја мразат фразата „она нешто“. Меѓутоа, факт е дека одредени мажи кои со својата појава не остават некој впечаток можат да бидат отров за жените и обично жените за тие мажи велат дека го имаат „она нешто“.
„Она нешто“ може да биде што било. Понекогаш тоа е секси поглед, убав глас или привлечна насмевка, манири и тален, но најчесто произлегува од комплетниот впечаток кој го остава.