3 природни начини за опуштање на телото и умот

Живееме брзо и со интензивен стрес, но мораме да се грижиме за себеси.

Ако забележиме вознемиреност, чукање на срцето, несоница – сето тоа се симптоми за интензивен стрес кои можат да остават долготрајни последици на нашето здравје. 

За среќа, постојат начини како можеме да си помогнеме да се опуштиме.

Американскиот колеџ за спортска медицина препорачува 30 минути физичка активност како пешачење, возење велосипед, пливање или играње тенис за да го зголемиме пулсот и да се ослободиме од негативната енергија. 

Длабоко дишење

Специфичните вежби за дишење исто така можат да помогнат за смирување на нервниот систем. Иако стресот го стимулира симпатичкиот нервен систем, вежбите за дишење го снабдуваат мозокот со доволна количина кислород и го стимулираат парасимпатичкиот систем, кој има спротивно дејство, предизвикувајќи опуштање. 

Истражувањата откриваат дека вежбите за дишење значително можат да го намалат стресот и вознемиреноста. Длабокото, бавно дишење го опушта нервниот систем и предизвикува чувство на смиреност.

Медитација

Многу луѓе ја сметаат медитацијата за нешто прилично духовно, но само неколку минути дневно можат значително да помогнат за намалување на стресот. Пробајте да ја применувате пред стресни состаноци или после долг напорен ден или пак кога се справувате со токсични луѓе. Многу истражувања покажуваат дека долготрајното медитирање придонесува и за намалување на депресијата, но и болката кај одредени пациенти. 

Бидете околу позитивни луѓе

Животот е прекраток за да го поминувате со луѓе кои ви ја трошат енергијата и прават да се чувствувате лошо и безвредно. Наместо тоа, изберете луѓе со кои можете да разговарате и пред кои можете да бидете свои.