3 причини зошто сте постојано уморни a не се поврзани со спиењето

Единственото полошо нешто од постојаниот замор е постојаниот замор за кој не знаеме од каде доаѓа. Изгледа како да правиме се што треба, спиеме доволно, се држиме до некои добри навики, но сепак постојано сме уморни.

Сепак, вистината е дека иако спиењето е примарниот фактор за намалените нивоа на енергија во текот на денот, сепак тој не е единствен. Различни работи кои се поврзани со начинот на исхрана, хормоните, физичката активност па и стресот играат огромна улога во тоа како се чувствувате во ткеот на денот.

Ова се три најголеми причини

Пиете премногу кафе

Сите сакаме кафе, односно повеќето од нас и веруваме дека тоа е најдобриот начин за да останеме будни и фокусирани во текот на денот. Проблемот настанува кога претеруваме со тоа и нашите тела стануваат зависни од кафе. Многу истражувања посочуваат дека кога ќе намалиме со кафето, стануваме помалку уморни наутро. Затоа, добра идеја е да не пиете повеќе од 2 кафиња во текот на денот.

Не се релаксирате доволно

Голем дел од нас се под стрес, но мнозинството не ни размислуваат за тоа. Тие сметаат дека стресот е едноставно дел од животот и не прават ништо за да го намалат и да се релаксираат. Но, ова е огромна грешка, бидејќи може да влијае на физичкото и умственото здравје. Најважно е за почеток да се прифатат дневни ритуали кои помагаат да се релаксираме. За некои луѓе, тоа е физичката активност и долгото пешачење, за други јога, за трети шолја чај или боење во боенка. Што и да ви одговора, треба да го пронајдете тоа и да го применувате секогаш кога можете.

Лоша исхрана

Начинот на исхрана има огромно влијание на тоа како се чувствуваме во текот на денот. Лошата и небалансирана диета може навистина да предизвика големи проблеми во нивоата на енергија. Притоа, заморот е начин на кој телото ни посочува дека му е потребен некаков нутриент кој  не го обезбедуваме преку храната која ја конзумираме. Затоа, важно е да избегнувате преработена и пржена храна, газирани пијалоци и алкохол. Особено во пресрет на пролетните и летните денови, трудете се да јадете здрава храна богата со витамини и минерали и да пиете многу вода. Тоа ќе го намали заморот и ќе ви помогне подобро да се чувствувате.