3 идеи за хранливи појадоци ако постите

Појадокот треба да ви обезбеди доволно енергија за целиот ден, а често за време на пост одбираме најлесни, но и најлоши решенија како печива, многу бело брашно и шеќер...

Со малку труд можете да појадувате здраво и додека постите, а овие 3 квалитетни оброци тоа и го докажуваат:

1. Слатка варена пченица

3-idei-za-hranlivi-pojadoci-ako-postite-1.jpg

Сварете ја пченицата по рецептот на нашите баби: кратко варете ја, па тенџерчето затворете го и оставете го на топло да отстои преку ноќта. Наутро пченицата разделете ја на неколку оброци, а остатокот замрзнете го.

Зачинете го појадокот со кафеав шеќер или мед, додајте цимет и некое овошје по желба. Во стаклен или пластичен сад сместете го појадокот и понесете си го на работа.

2. Палента со зеленчук

3-hranlivi-pojadoci-za-vreme-na-postovite-2

Брзо се подготвува и е вкусна подлога за многубројни можни комбинации. Палентата послужете си ја со варен грашок или морков, а можете да ја комбинирате и со сос од домати, оригано и магдонос. Вкусот е фантастичен.

3. Овошна салата со зеленчук

3-hranlivi-pojadoci-za-vreme-na-postovite-3

Да, добро прочитавте. Мешањето на рукола, ротквица, кромид и зелка со портокал, ореви и банана ќе ви пружи ново гастрономско уживање.

Одберете го овошјето и зеленчукот кој најмногу го сакате, измијте го, излупете го, малку посолете и зачинете со малку мед и лимонов сок. Одлично се вклопува и варениот компир или морков.