29-годишник од кумановско ограбен во Градски парк во Скопје

29-годишник од с.Горно Којнаре, кумановски, бил ограбен во Градски парк во Скопје.

Случајот го пријавил вчера (06.12.2022) во Полициската станица Карпош. Според пријавеното, вчера околу 20.15 часот, во Градски парк едно лице со закана му одзело пари и лични предмети, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.