27-годишен затвореник почина во возило на пат кон болница

27-годишен затвореник од Идризово починал во возило на пат кон болница. 

На 24.11.2022 во 17.50 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека починал Р.В.(27), осуденик во Казнено - поправната установа Затвор Идризово. Според пријавеното, поради влошена здравствена состојба Р.В. со возило на затворот бил пренесуван кон болница, но по пат починал во возилото, соопшти МВР. 

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.