25 модератори добија серитификати - ќе бидат комуникација помеѓу општинските власти и граѓаните

Доделени сертификати на 25 модератори кои ќе бидат комуникација помеѓу општинските власти и граѓаните.

-Ми претставува чест што мандатот како новоизбран претседател на ЗЕЛС, го почнувам со еден ваков прекрасен настан на кој се валоризира постигнатото во рамки на Асоцијацијата на општини која повеќе од 50 години се грижи на подобрување на принципите на локалното управување. Модераторите ќе имаат задача да ја менаџираат комуникацијата меѓу општинските власти и засегнатите страни, ќе ги организираат и модерираат форумските процеси и ќе играат клучна улога во форумскиот процес, информираше денеска градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски. 

Порача, токму затоа, со цел овозможување на транспарентност во изборот на модератор од страна на општината или друга организација, нивниот профил со основните податоци ќе бидат објавени на интернет страницата на ЗЕЛС.

-Сакам да се заблагодарам на сите присутни на оваа свеченост, на амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Улман, заменикот министерот за локална самоуправа, г. Зоран Димитровски, претставникот на УНДП, г. Армен Григоријан, градоначалникот на општина Берово, г. Звонко Пекевски и претседателот на Советот на Град Скопје, г. Трајко Славески, како и на сите гости, соработници и партнери со кои денес прославуваме успешно завршен процес на сертификација на модератори. Искажувам благодарност и на сите кои беа вклучени во овој процес од самиот почеток со воведувањето на Програмата ,,Форуми во заедницата“, односно на Швајцарската агенција за соработка и развој која нѐ поддржуваше низ годините во развивањето на услуги и активности за нашите членки, вели првиот човек на Кисела Вода.