
25-годишен маж е убиен во скопски Дуќанџик, дознава порталот „Скопје1“.
Според првичните информации на порталот, лицето било застрелано и имало повеќе прострелни рани во пределот на телото и главата.
По пукањето, со екипа на Итната медицинска помош бил пренесен на Ургентниот центар, каде што, и покрај обидите да му биде укажана медицинска помош, починал.
Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи во текот на денот.