23-годишен скопјанец уапсен поради поседување дрога и оружје

При претрес во Скопје, пронајдени дрога, пиштол и рамка со куршуми, лишено од слобода едно лице, информираа од МВР. 

- На 03.02.2026 во 22:50 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ѓ.С.(23) од Скопје, поради тоа што при извршен претрес со судска наредба во неговиот дом во Скопје, на подрачјето на Центар, пронајдени се и одземени марихуана, дигитална вага, пиштол, рамка со куршуми, пари и други предмети, соопштија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.