22-годишник од Скопје со остар предмет се заканувал на своето семејство, полицијата го уапсила

Вчера 54-годишен скопјанец го пријавил 22-годишниот син дека со остар предмет упатувал закани кон него и кон други членови на семејството. Полицијата го уапсила 22-годишниот М.Г. од Скопје.

„На 02.10.2025 во 17:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Г.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 54-годишен татко дека околу 15:30 часот во семејниот дом, со употреба на остар предмет упатувал закани кон него и членови на семејството, се наведува во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.