22-годишен скопјанец ограбен од две лица на „Партизанска“

22-годишен скопјанец, пријавил дека бил ограбен на улица „Партизанска“ во Скопје. 

Од МВР со детали за случајот:

-На 04.12.2022 во 23.30 часот во Полициската станица Карпош, И.У.(22) од Скопје пријавил дека во 22.30 на бул.„Партизански одреди“ две лица со закана одзеле пари од него и Б.Ј. и М.Џ., исто така од Скопје - соопшти Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.