210 санкционирани возачи во Скопје: 105 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за возач почетник...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.