21 март :  Магичен ден кој има моќ да ни донесе радост

На 21 март започнува пролетта, а овој ден има огромна моќ да ни донесе радост и подобро расположение.

Тој го означува крајот на долгата, сива и студена зима и носи освежување во нашите животи. Време е да ги трансформираме нашите животи, но и да и дозволиме на убавата енергија да влезе во нашето секојдневие. Ако досега се чувствувавме заглавени во стари навики, лошо расположение и рутина, сега е време да се смени тоа. 

Пролетната рамноденица е астрономско случување кога ноќите стануваат пократки, а деновите подолги. Нашата планета има две годишни рамноденици, една на пролет а друга на есен.

Пролетната рамноденица е време на повторно раѓање, обновување и нови почетоци. Таа ги носи сончевите денови и нè повикува да излеземе надвор во природата. Целата природа се раѓа повторно, а зошто не и нашите животи.

Пролетта е одличен потсетник дека нашиот живот е составен од промените, а ова е период да уживаме во тоа.