
21-годишно момче од Куманово е тешко повредено во сообраќајна несреќа меѓу мопед и возило на крстосницата во градот.
- На 03.05.2026 околу 15:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„1“ и крак од ул.„1“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(30) од Куманово и мопед „томос“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.М.(21) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општа болница Куманово, информираа од полицијата во дневниот билтен.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.