
Кривично ќе одговара 21-годишник кој силувал малолетно девојче. Инцидентот се случил пред околу една недела.
- СВР Струмица поднесе кривична пријава против лицето С.Ф.(21) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. На 24.06.2026, извршил обљуба врз 12-годишно девојче, информираа од МВР во дневниот билтен.