21-годишна девојка уапсена во Драчево

Девојка и момче се уапсени за поседување марихуана. 

Денеска во 02.20 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Т.Н.(21) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР. 

Во одвоен случај, на 16.08.2022 во 20.20 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.