203 санкционирани возачи во Скопје, 34 за брзо возење

203 мерки се изречени на територија на град Скопје, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 24 мерки за возење без возачка дозвола, осум мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се и 15 мерки за нерегистрирани возила, девет санкции за возач почетник, 11 санкции за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 39 санкции што ги прават возачи на мотоцикли.

Ова е дел од засилените акциски контроли во областа на сообраќајот кои ги спроведе Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.09.2022).